Одбележување на 8ми март, Меѓународен ден на Жената

На денешниов ден, секоја мајка која си го испраќаше детето в училиште, секоја бабичка, секоја наставничка беше пречекана со порака која ќе им го разубави празникот 8- ми Март. Активноста ја осмислија и ја спроведоа наставниците Марина Ѓорѓиева, Маријанчо Дамјановски и Татјана Цветковска.
Одржан училишен натпревар „Бутелски Сезнајковски“

На ден 07.03.2023 година се одржа училишен натпревар “Бутелски сезнајковци” на кој учествуваа 20 ученици од VIII и IX одделение. Овој натпревар е во организација на Општина Бутел – Opstina Butel, а го спроведоа советниците за образование Karolina Naskovska и Валентина Зенговска Стефановска. На општинскиот натпревар претставници од нашето училиште ќе бидат учениците Огнен Деспотовиќ, […]
Обука за пружање прва помош

На 06.3.2023 година во спортската сала се одржа обука за давање прва помош, каде што претставници од Црвен Крст – Чаир Kryqi i Kuq – Çair во соработка со наставникот по физичко и здравствено образование, Маријанчо Дамјановски практично демонстрираа како треба да се постапи во случај на повреда. На обуката присуствуваа ученици од седмо до […]
Посета на Планетариум

Третоодделенците и четвртоодделенците во придружба на нивните одделенски наставници остварија научно-истражувачка посета на Планетариум, каде што имаа можност да се запознаат практично со тематика која ја обработуваат по предметот природни науки.
Активности за Денот на борба против дискриминација

„Да се сака човекот заради неговите добри особини не е никаква вештина. Но ние мораме да го сакаме и покрај неговите недостатоци“. Оваа инспиративна порака ни ја подготвија учениците од IX В одделение, кои под менторство на наставниците Катерина Николовска и Марија Димовска со декорирање на влезот на училиштето и разделување на изработки во форма […]
Обука по прва помош за млади

Во соработка на Црвениот крст со наставникот Марјанчо Дамјановски, на 06.03.2023 година во спортската сала на училиштето ќе се спроведе основна обука по прва помош за млади. Обуката е наменета за 60 до 80 млади од 7мо до 9то одделение. Временскиот период кога ќе се одржи обуката е од 12:00 – 13:00 (најдоцна). Ученици, ве […]
Одбележување на 21ви февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Денес во нашето училиште го одбележавме 21ви февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. По тој повод на часовите по македонски јазик учениците пишуваа поетски и прозни творби.
Посета на Музеј на народната борба – Скопје

Учениците од IV и V одделение во придружба на одделенските наставници остварија посета на Музеј на македонската борба – Скопје за поефективно доловување на материјалот што го изучуваат по предметот историја и општество. Тие одблиску имаа можност да погледнат макети, мапи, предмети и слики, а имаа и водич од музејот кој им објасни подетално за […]
Активности по повод 14ти февруари, денот на љубовта

Активот по англиски јазик според програмата на БРО подготви низа активности за проширување на знаењата од областа на културата во земјите во кои се говори англискиот јазик, и овој ден го збогативме со активности за одбележување на 14ти февруари, денот на љубовта. Честитки, постери, декорации, инспиративни пораки, поеми беа дел од творбите кои учениците со […]
Одбележување на 14ти февруари, денот на лозарите

На часот по ликовно образование, учениците од I одделение твореа, цртаа и обоија гроздови водејќи се од гајба грозје изложена во училницата, служејќи им како пример. Учениците на овој начин го одбележаа 14ти февруари, првиот ден кога се започнува со работа во лозарството.