На ден 07.03.2023 година се одржа училишен натпревар “Бутелски сезнајковци” на кој учествуваа 20 ученици од VIII и IX одделение. Овој натпревар е во организација на Општина Бутел – Opstina Butel, а го спроведоа советниците за образование Karolina Naskovska и Валентина Зенговска Стефановска. На општинскиот натпревар претставници од нашето училиште ќе бидат учениците Огнен Деспотовиќ, Михаела Димовска, Ева Геориева и Софија Штрбевска.



