Учениците од IV и V одделение во придружба на одделенските наставници остварија посета на Музеј на македонската борба – Скопје за поефективно доловување на материјалот што го изучуваат по предметот историја и општество. Тие одблиску имаа можност да погледнат макети, мапи, предмети и слики, а имаа и водич од музејот кој им објасни подетално за раличната сценографија што ја гледаа.



