Хортикултурно уредување на ботаничка градина

Хортикултурно уредување на нашата градина со разни садници и цвеќиња беше изведено од учениците од одделенска настава со нивните одделенски раководители. Учениците вложија труд и напор нивните цвеќиња да бидат правилно засадени, а веруваме дека и понатаму ќе се грижат за истите. Благодарност и до хаусмајсторот Дејан Калиновски кој се вклучи во активноста со уредување […]

Пролетно уредување на училници

За првиот ден на пролетта нашите ученици во координација со нивните одделенски и класни раководители ги насочија своите вешти раце кон разубавување на своите училници. Украсени прозорци, врати, ѕидови со разнобојни цртежи и декорации во духот на пролетта може да се забележат низ училиштето. Покрај горенаведените активности, активот на второ одделение подготвија презентација за подигнување […]

Одбележан Денот на поезијата

Денес е во мода да се прават многу вкусни јадења и десерти по најубави рецепти. Но, на денешниот ден 21.03 – Денот на поезијата, наставничките по македонски јазик Татјана Цветковска и Цветанка Гаговска, решија да направат Рецепт за песни, наменети за своите ученици. Во училишната библиотека денес царуваше поезијата, а ние сите уживавме во приготвените […]

Учество на Ѕвон

Учениците од нашето училиште денес гостуваа на Ѕвон – Контактно Училишна Програма која се емитуваше на Македонската Радио Телевизија. Во придружба на одделенски и предметни наставници, учениците го претставија училиштето со разновидни активности. Темата со која се претставивме беше „Пролет“, а учениците ги покажаа своите вештини со комуникациски дијалог, цитати за пролетта, ритмичко виножито, отсвирена […]

Одбележан Светскиот ден на Среќата

Под мотото “Бидете внимателни, бидете благодарни, бидете љубезни“ се одбележува 20ти март, Светскиот ден на среќата, под покровителство на Обединетите Нации. Нашите ученици од шесто одделение, под менторство на наставничките Мариана Стрезовска и Цветанка Гаговска го одбележаа денот со изработка на разни творби и истите ги поставија низ училиштето. Тие исто така испишаа и споделија […]

Одбележување на 17ти март – Формирање на Црвениот Крст во Република Северна Македонија

Денес во нашето училиште се одбележа 17-ти Март – Денот на формирање на Црвен Крст на Република Северна Македонија. По тој повод наставничките Светлана Стојкова и Маја Дрндаревска организираа и спроведоа низа активности во II-a, II-б, II-в одделение во текот на неделата. Од I до IX одделение се прочита краток текст за Црвен Крст на […]

Одбележување на денот на ПИ

Наставниците по математика од нашето училиште денес реализираа активности по повод Денот на ПИ со позитивна мисла и желби за среќата, успехот и пријателствата да траат бесконечно. Учениците од осмо одделение формираа круг чиј дијаметар го измерија и потоа ја пресметаа неговата плоштина и периметар, додека пак ученици од седмо одделение поделија моливи на вработените […]

Учество на „Бутелски Сезнајковци 2023“

Општина Бутел – Opstina Butel и градоначалникот Дарко Костовски ја организираат првата Олимпијада на Бутелски Сезнајковци 2023, која се одржа на 10.03.2023 година. Низ дружба, знаење и игра тимот од нашето училиште составено од: Ева Георгиева IX A, Александра Ристовска IX A, Огнен Деспотовиќ VIII В и Михаела Димоска VIII Б достојно нѐ претстави, и […]

Прирачник „Водич низ природата“ во пракса

Од практичен час до истражувачка активност во природа. Џебните прирачници во вистински раце! Сетот од три водичи (низ шумата, барите и езерата и градското зеленило) е проект на O2 Иницијатива, а во издание на Чудна шума. Овој проект во нашето училиште го спроведува наставникот Мирослав Митиќ. Истовремено, ја збогативме нашата училишна библиотека со три комплети […]