Безбеден интернет – Проект по Информатика и Музичко образование

По повод денот на побезбеден интернет кој е на 7 февруари секоја година, учениците од 7б изработија проект – PowerPoint презентација. Во проектот со музика е презентиран начинот како да се заштитиме на Интернет, а направивме и кратко истражување, каде што учествуваа 170 испитаници. Анкетата се однесуваше на прашањата во врска со безбедноста на Интернет, […]
Нови компјутери за училницата по информатика

Училницата по информатика е подновена со нови компјутери и компјутерска опрема за потребите на учениците од одделенска и предметна настава при изведување на наставата по соодветните предмети.
Посета на концерт „Фамилијата Металковци“

Ученици од нашето училиште во придружба на одделенски наставници присуствуваа на концерт „Фамилијата Металковци“ во Македонската Филхармонија. Концертот е од едукативен карактер, при што учениците се запознаа со музичките дувачки инструменти и нивниот звук.
Работилница на тема „Ментално здравје и добросостојба на учениците“

Во рамки на проектот “Унапредување на менталното здравје на учениците” преку заедничка соработка на БРО со УНИЦЕФ за воспоставување на сервиси за колегијална поддршка и зајакнување на професионалните компетенции на стручните соработници, денес во нашето училиште се одржа првата работилница. Работилницата беше на тема: „Ментално здравје и добростојба на учениците“ и во неа беа вклучени […]
Интеркултурни содржини за новогодишните празници по предметот англиски јазик

Во пресрет на празниците, учениците вложија труд, време и љубов за да ги разубават своите училници, но и нивните домови со изработка на постери, честитки, кутивчиња за подароци како и креативни цртежи како дел од интеркултурните содржини по предметот англиски јазик. Ни посакаа убави празници применувајќи ја фразата Merry Christmas and a Happy New Year […]
Еразмус+ проект „Училиште без пластика“ – Изработка на новогодишна елка

Во рамките на Еразмус+ проектот „Училиште без пластика“, нашите ученици имаа креативен пристап за изработка на новогодишна елка. Тие искористија дрвени гајби кои вообичаено се користат за разнесување ужина, ги обоија, украсија и ги поставија пред училишната бина.
Реализација на предновогодишен базар

Успешна реализација на предновогодишниот базар организиран од Советот на родители во координација со класните раководители на паралелките. Задоволни и насмеани лица на учениците, голем број на родители и други гости придонесоа за убава и раздвижена атмосфера во училиштето. Средствата собрани од овој хепенинг ќе бидат употребени за потребите на паралелките.
Посета на Собрание на Република Северна Македонија

На 15.12.2022 година беше организирана посета на Собранието на Република Северна Македонија, каде што ученици од шесто и деветто одделение се запознаа со функцијата на законодавниот дом на нашата држава, а имаа и увид и во просториите за одржување на седници и работа на пратениците. Учениците беа во придружба на предметните наставници Катерина Николовска и […]
Активности за ден на училиштето под мото „Зборот на Климент и народните звуци се нашите корени“

Активностите за денот на училиштето беа заокружени со претстава под мотото „Зборот на Климент и народните звуци се нашите корени“. Пред многубројни гости од нашата општина, родители, ученици како и гости од збратименото училиште „Милутин Смиљковић“ од Република Србија, обраќање пред присутните имаа директорката на училиштето, д-р Снежана Петреска и градоначалникот на општина Бутел, Дарко […]
Посета на детскиот фестивал „Златно Славејче 2022“

Звуците од песничките испеани на фестивалот Златно Славејче одекнуваа низ салата на Македонската Филхармонија, а нашите ученици во придружба на нивните одделенски наставници одлично си поминаа слушајки ги новите песни на славејчињата.