Активности по повод 14ти февруари, денот на љубовта

Активот по англиски јазик според програмата на БРО подготви низа активности за проширување на знаењата од областа на културата во земјите во кои се говори англискиот јазик, и овој ден го збогативме со активности за одбележување на 14ти февруари, денот на љубовта. Честитки, постери, декорации, инспиративни пораки, поеми беа дел од творбите кои учениците со љубов ги направија за овој ден. Секако, една од најочекуваните активности беше и кутијата за писма поставена во училишниот хол, во која учениците можеа да остават порака за некоја драга личност во плик, а учениците од IX одделение ги поделија низ одделенијата.