Одбележан 26ти септември, Европскиот ден на јазиците

Го одбележуваме 26ти септември, Денот на европските јазици со учениците од петто одделение, кои на часовите по англиски јазик со нивниот наставник Бојан Јовановски изработија постери кои ја отсликуваат разновидноста на јазиците застапени низ Европа.

Работилница со ученици од седмо одделение

На 14.9.2926 година беше одржана презентација и работилница на тема „Превентивни мерки за заштита на здравјето на учениците“ од страна на педагогот Поликсена Илиоска со учениците од седмо одделение.

Учество на ликовна колонија „Љубанци 2026“

Учество на ликовна колонија „Љубанци 2026“ одржана на 17.6.2026 година со ученици од предметна настава. Учениците беа во придружба на наставничката по ликовно образование, Санда Миева.

Доделени стипендии за најдобрите ученици во генерација

Под мотото “Со срце учам со знаење успевам” општина Бутел ја продолжува традицијата со доделување на парични ваучери за најдобрите ученици од општинските училишта! На интерниот оглас од нашето училиште пристигнаа голем број пријави, при што комисијата за бодување и оценување на пријавите по темелна проверка ги селектираше следните ученици за истакнат ученик на генерација: […]

Резултати од државен натпревар по македонски јазик

На 7.6.2026 година беше одржан Државен натпревар по македонски јазик и литература на кој ученичката од IX Б одделение Ангела Јованчова под менторство на наставничката Цветанка Гаговска освои II место. Честитки до ученичката и менторот за постигнатиот успех!

Реализирана еднодневна научна екскурзија со учениците од III одделение

Успешно реализирана еднодневна научна екскурзија со учениците од III одделение. Беа посетени локации во северозападниот дел од државата, односно Шарената џамија во Тетово, изворите на реката Вардар во с. Вруток и Лешочкиот манастир во с. Лешок. Учениците се запознаа со објектите од историско и културолошко значење, и имаа можност за развивање на позитивен однос кон […]

Одржана работилница „Млади Ренџери“ со VI В одделение

На 4.6.2026 година со учениците од VI В одделение се одржа работилница “Млади ренџери” во Националниот парк Галичица преку Мрежа на искуствено учење. Учениците се запознаа со различните видови на растенија,инсекти и животни кои се населени во овој Национален парк, а некои од нив се ендемични видови. Оваа работилница се одржа преку иницијатива на родителот […]

Одличен успех на зонските игри во спортски дисциплини „Плазма“

Со голема гордост ги споделуваме успесите на нашите ученици на Спортските игри од проектот „Плазма“! Освоено ПРВО место во играта ,,Народна” во генерација 2015 и помали. Освоено ВТОРО место во генерација 2017 и помали. Ивона Најдоска од VБ освои ПРВО место во дисциплината трчање на 60 метри. Борјан Антанасов од VБ и Маркијан Велески од […]

Учество на настан за Ден на Детето со изработен проект

На 1.6.2026 година ученици од нашето училиште учествуваа на настан по повод Денот на детето организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Успешно го претставија својот проект „Погледот на детето кон позелена иднина”, кој што беше изработен од учениците Антонија Марковска VIа, Антонија Гајдов VIa, Стефанија Искова VIa, Илина Младеновска VIв, Ангела Манчевска […]