Под мотото “Со срце учам со знаење успевам” општина Бутел ја продолжува традицијата со доделување на парични ваучери за најдобрите ученици од општинските училишта!
На интерниот оглас од нашето училиште пристигнаа голем број пријави, при што комисијата за бодување и оценување на пријавите по темелна проверка ги селектираше следните ученици за истакнат ученик на генерација:
V одделение – Невена Петрушевска
VI одделение – Матеа Стојческа
VII одделение – Хана Дељанин
VIII одделение – Иринеј Стојчевски
IX одделение – Ангела Јованчова

Честитки до наградените учениците за нивниот континуиран труд и успех, но и за сите ученици кои неуморно работат кон стекнување на нови знаења и вештини!



