Одржана работилница „Млади Ренџери“ со VI В одделение

На 4.6.2026 година со учениците од VI В одделение се одржа работилница “Млади ренџери” во Националниот парк Галичица преку Мрежа на искуствено учење. 🏔️🚌

Учениците се запознаа со различните видови на растенија,инсекти и животни кои се населени во овој Национален парк, а некои од нив се ендемични видови. 🦋🌲

Оваа работилница се одржа преку иницијатива на родителот Ивана Пенева на која и искажуваме благодарност за организацијата. Во придружба на учениците беше наставничката Јасминка Стојанова-Вељковска.