Учество на настан за Ден на Детето со изработен проект

На 1.6.2026 година ученици од нашето училиште учествуваа на настан по повод Денот на детето организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Успешно го претставија својот проект „Погледот на детето кон позелена иднина”, кој што беше изработен од учениците Антонија Марковска VIа, Антонија Гајдов VIa, Стефанија Искова VIa, Илина Младеновска VIв, Ангела Манчевска VIв, Илина Стојчевска VIв и Калин Ристовски од VIв одделение под менторство на наставничките Јоана Искова и Јасминка С. Вељковска.