Успешно реализирана еднодневна научна екскурзија со учениците од III одделение.

Беа посетени локации во северозападниот дел од државата, односно Шарената џамија во Тетово, изворите на реката Вардар во с. Вруток и Лешочкиот манастир во с. Лешок. Учениците се запознаа со објектите од историско и културолошко значење, и имаа можност за развивање на позитивен однос кон животната средина и природните убавини.

Учениците беа во придружба на нивните одделенски наставници.


