Реализирана четиридневна екскурзија во V одделение

Зад нас останаа четири незаборавни дена исполнети со дружење, учење, истражување и многу убави спомени. Учениците од петто одделение имаа можност низ непосредно искуство да ги запознаат природните убавини, културно-историските знаменитости и традициите на Западна Македонија. Го посетивме Тетово, Маврово,Дебар, Вевчани, Струга, Охрид и Битола.Учевме покрај Охридското Езеро и реката Црн Дрим, истражувавме, фотографиравме, творевме […]
Реализирана дводневна екскурзија во VI одделение

На 18 и 19ти мај се реализираше дводневна научно-рекреативна екскурзија за учениците од VI одделение. Низ дел од источна Македонија, учениците придружени од нивните класни раководители имаа можност за запознавање со природните убавини, стопански објекти и културно-историски споменици, како и рекреација и забава.
Одбележување на 24ти Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, во нашето училиште се одржа пригодна програма под мотото „ПАТОТ КОН СВЕТЛИНАТА ЗАПОЧНУВА СО ЕДНА БУКВА” Среќни сме што со песна и поклон пред нивното величенствено дело оддадовме достојна почит кон ликот и делото на овие светли имиња од нашата историја и […]
Учество на општинска олимпијада „Бутелски Сезнајковци 2026“

Нашите ученици учествуваа на општинската олимпијада „Бутелски Сезнајковски 2026“ во организација на општина Бутел на која остварија пласман на четврто место. Учениците со своето знаење достоинствено не претставија на ова општинско натпреварување.
Реализиран „Еко Ден“

Нашето училиште се приклучи на иницјативата покрената од МОН за спроведување на „Еко Ден“. Наставниците по биологија и природни науки, Љупка А. Таневска и Јасминка С. Вељковска подготвија и реализираа еко часови со ученици од IX и VI одделение. Ученичката Мелани Петрова од IX Б одделение ни подготви видео презентација за Фотосинтеза и климатски промени. […]
Реализиран еднодневен пролетен излет

Во рамките на годишната програма за воннаставни активности и со цел збогатување на искуствата на учениците преку непосредно доживување, на 6 мај 2026 година организиравме еднодневен излет во манастир „Св. Јован Крстител“ с. Љубанци. Излетот помина во одлична атмосфера. Учениците уживаа во убавините на природата и имаа можност да се забавуваат, но и да ја […]
Интерен оглас за истакнат ученик на генерација за учебна 2025/26 година

Документацијата се доставува до архивата на училиштето, кај секретарот.
Конкурс за избор – првенец на генерација за учебната 2025/26 година

Документацијата се доставува до архивата на училиштето, кај секретарот.
Одбележан 5 мај – Ден на македонскиот јазик и азбука

Денес со гордост го одбележавме 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и македонската азбука. Со учениците од предметна настава творевме, изработувавме хамери и преку креативни активности ја изразивме љубовта кон нашиот јазик. Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет и богатство што треба да го негуваме. Нека ни е честит овој значаен ден!
Општински прваци во футсал – машка и женска екипа

Училишните спортски натпревари во рамки на проектот „Плазма – Спортски игри за млади“ донесоа голема радост и гордост. Нашите ученици – машка и женска екипа (2011 и помали) – се закитија со титулата општински ШАМПИОНИ во футсал. Учениците беа во придружба на наставниците по ФЗО.