Резултати од државниот натпревар по биологија

На државниот натпревар по биологија, одржан на 8.6.2024 година на Природно-математичкиот факултет, ученикот Матео Слезенковски од IX одделение го освои високото трето место. Честитки до Матео и неговиот ментор, наставничката по биологија Љупка А. Таневска за постигнатиот успех!    

Полуматурска прослава во ресторан „Аликас“

На 6.6.2024 година полуматурантите од нашето училиште имаа прослава во ресторан „Аликас“. Преовладуваше весело и позитивно расположение кај учениците, наставниците и стручната служба кои присуствуваа, што допринесе за одлична забава и убаво помината вечер. Полуматуранти, Ви посакуваме успешно справување со сите предизвици во средношколските денови, веруваме дека ќе чекорите цврсто и сигурно кон успехот и […]

Прво место на општински натпревари по одбојка

На општинските натпревари во одбојка организирани од Федерацијата на училишен спорт на Македонија, нашите ученици од шесто и седмо одделение го освоија првото место со што остварија пласман на регионалните натпревари. Натпреварите се одиграа во ООУ „Панајот Гиновски“, а учениците беа придружени од наставниците по ФЗО Изабела Апостолоска и Виолета Николова.

Реализација на настанот „Игри без граници“

Во нашето училиште беше реализиран настанот „Игри без граници“ во организација на наставниците по ФЗО Јасмина Петрушевска и Марјанчо Дамјановски, со гостување на ученици од ООУ „Панајот Гиновски“ придружени од нивните наставници. Ученици од прво до петто одделение се натпреваруваа во разни дисциплини и спорт, а самиот дух на овие натпревари поттикна одлична соработка меѓу […]

Учество на општински натпревар во организација на Црвен Крст

На 1.6.2024 година се одржа четириесет и четвртиот општински натпревар по прва помош за основни училишта во категоријата подмладок. Натпреварот го организираше Црвениот Крст – Општинска организација Чаир, а од нашето училиште учествуваа ученици од VII и VIII одделение. Учениците беа во придружба на наставникот по ФЗО, Марјанчо Дамјановски.

Реализирана настава во природа за петто одделение

Во периодот од 27.5 до 31.5.2024 година беше реализирана настава во природа за учениците од петто одделение. Беа посетени неколку градови и локации, при што учениците имаа можност да се запознаат со градбите, антички локалитети и музеи. Утринските часови беа предвидени за физичка рекреација, а учениците не ги запоставија и останатите предмети како математика и […]

Остварена дводневна посета на нашето партнер училиште во Република Србија

Дводневна посета на градот Лесковац и нашето партнер училиште „Милутин Смиљковић“ во кое беа реализирани креативни работилници, размена на искуства, запознавање со соученици и колеги, и споделување на знаења и идеи во прекрасна училишна атмосфера. Воедно имавме чест да присуствуваме на нивната полуматурска вечер со ученици од деветто одделение од нашето училиште кои поминаа два […]

Освоено второ место на општинските натпревари во футсал

На општинските натпревари во футсал организирани од Федерацијата на училишен спорт на Македонија, нашите ученици од шесто и седмо одделение го освоија второто место. Натпреварите се одиграа во ООУ „Панајот Гиновски“, а нашите ученици беа предводени од наставниците по ФЗО Виолета Николова и Изабела Апостолоска.

Реализирана еднодневна екскурзија

На 23.5.2024 година се реализираше еднодневна екскурзија за учениците од прво до деветто одделение во околината на Матка. Учениците беа придружувани од нивните одделенски и класни раководители, а временските услови беа погодни за дружење, игра и рекреација.

Учество на Пожарко 2024

По повод 20ти мај – денот на пожарникарството во земјава, се одржа Пожарко 2024, пожарникарски крос натпревар во категорија 500 метри женски и 600 метри машки. Од нашето училиште учествуваа ученици од седмо, осмо и деветто одделение, а беа придружувани од наставниците по ФЗО, Виолета Николова и Изабела Апостолоска.