Во нашето училиште беше реализиран настанот „Игри без граници“ во организација на наставниците по ФЗО Јасмина Петрушевска и Марјанчо Дамјановски, со гостување на ученици од ООУ „Панајот Гиновски“ придружени од нивните наставници.
Ученици од прво до петто одделение се натпреваруваа во разни дисциплини и спорт, а самиот дух на овие натпревари поттикна одлична соработка меѓу двете училишта, како и реализирање на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието.



