Учество на државен натпревар по пливање

На 13.9.2024 година во организација на Федерацијата на училишен спорт и Пливачкиот сојуз на Македонија се одржа државниот натпревар по пливање во салата Борис Трајковски. На натпреварот учествуваа двајца наши ученици, Стефан Велковски од VIII А и Калина Велковска од VI Б одделение. Тие ги подобрија своите лични рекорди, а беа во придружба на наставничката […]

Активност за 8ми Септември, Денот на независноста

Во пресрет на 8ми Септември, Ден на независноста на Македонија, првачињата од I Б одделение вредно работеа со нивната наставничка Радмила Искова за да го исцртаат знамето на нашата држава, а научија и кратка песничка за татковината. На часот ги посети и директорката на училиштето, Снежана Петреска.

Одбележан почетокот на учебната 2024/25 година со кратка манифестација

Училишното ѕвоно го означи почетокот на првиот училишен ден за сите ученици. Денес во нашето училиште смело зачекорија и нашите првачиња. Беше подготвена кратка манифестација на која пред присутните се обратија Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски и директорката на училиштето Снежана Петреска, кои посакаа успешен почеток на сите ученици. За сите првачиња беа подготвени […]

Обнова на училишен под

Подготовката за следната учебна година продолжува и летово со реновирање на подот во еден од кабинетите каде што учениците ќе ја следат наставата. Отстранети се претходно оштетените подни плочи и заменети се со нова подна подлога.

Учество на меѓународен педагошки форум „Образовни политики и практики за просперитет и одржливост“

XXIV МЕЃУНАРОДЕН ПЕДАГОШКИ ФОРУМ „Образовни политики и практики за просперитет и одржливост“ во организација на Универзитетот во Тракија, Стара Загора од 27.6. до 30.6.2024 во Албена, Р. Бугарија, отсек Педагошки факултет за информации и тренинг сервис за наставници, организираа конференција на која учествуваа претставници на образованието од САД, Австрија, Р.Србија и Р.Македонија. Нашиот наставник амбасадор […]

Реализирана обука „Разрешување на конфликти со ученици и меѓу ученици“

Со цел да се унапреди професионалниот развој на наставниците, Бирото за развој на образованието редовно организира обуки кои се од интерес за самите наставници. На 24.6.2024 година се одржа обука „Разрешување конфликти со учениците и меѓу учениците“ во реализација на акредитираниот провајдер О3 Инвест, чии што обучувачи Александра Петровска и Александар Петровски преку примери, практични […]

Учество на ликовна колонија Љубанци 2024

На 20.6.2024 година се одржа ликовната колонија Љубанци 2024 организирана со финансиска поддршка од општина Бутел, каде што учествуваа и наши ученици од предметна настава. Во придружба на предметниот наставник по ликовно образование Санда Миева, тие твореа на платно во соработка со ученици од ООУ „Панајот Гиновски“.

Резултати од државен натпревар по природни науки

На 15.6.2024 година се одржа државниот натпревар по природни науки во просториите на Природно-математичкиот факултет. Ученикот Никита Димитријов од V одделение постигна одличен успех со освојување на високо второ место! Честитки за Никита и неговиот ментор Марина Ѓорѓиева за овој одличен пласман и успех на државен натпревар!

Одржана свечена манифестација за доделување стипендии за пофалени ученици

Под мотото „На правилниот пат чекориш“ се реализираше свечена манифестација за доделување на стипендии за истакнати ученици по генерација од петто до деветто одделение во организација на Општина Бутел и Градоначалникот Дарко Костовски. Од нашето училиште, по претходно извршена комисиска проверка и бодување, на наставнички совет за истакнати ученици беа избрани и изгласани следните ученици: […]