Учество на општински натпревар во организација на Црвен Крст

На 1.6.2024 година се одржа четириесет и четвртиот општински натпревар по прва помош за основни училишта во категоријата подмладок. Натпреварот го организираше Црвениот Крст – Општинска организација Чаир, а од нашето училиште учествуваа ученици од VII и VIII одделение. Учениците беа во придружба на наставникот по ФЗО, Марјанчо Дамјановски.