Остварена дводневна посета на нашето партнер училиште во Република Србија

Дводневна посета на градот Лесковац и нашето партнер училиште „Милутин Смиљковић“ во кое беа реализирани креативни работилници, размена на искуства, запознавање со соученици и колеги, и споделување на знаења и идеи во прекрасна училишна атмосфера.

Воедно имавме чест да присуствуваме на нивната полуматурска вечер со ученици од деветто одделение од нашето училиште кои поминаа два дена во семејствата на нашите соученици од Србија, и имаа можност да научат нешто ново за културата и традицијата, а секако да имаат нови пријатели со кои ќе споделуваат уште многу доживувања.