Реализирана еднодневна екскурзија за учениците од трето одделение

На 17.5.2024 година беше реализирана еднодневна екскурзија за учениците од трето одделение во неколку градови во Источна Македонија. Целта на оваа екскурзија е совладување и проширување на знаењата, како и запознавање со културно-историските знаменитости во овој регион од нашата држава. Во Пробиштип учениците го посетија музејот за ретки минерали, како и Домот на културата „Злетовски […]

Посета на музејот за ретки минерали во Пробиштип

18ти мај е меѓународен ден на музеите. Учениците од III одделение во придружба на нивните одделенски наставници го посетија музејот за ретки минерали во Пробиштип, каде што имаа можност одблиску да ги погледнат и да се стекнат со знаење за разновидните минерали на изложба, некои кои датираат и пред повеќе од еден век. За време […]

Спроведена еколошка акција „Генералка Викенд“

Во организација на Општина Бутел и здружението МЕН ЕНД МАУНТЕН, и оваа година се спроведе еколошка акција во нашето училиште „Генералка викенд“, во која што ученици од одделенска и предметна настава активно учествуваа во собирање на стара хартија и неупотреблива пластика од внатрешните простории и дворот на училиштето. На учениците им беше доставена соодветна опрема […]

Посета на „Фурна Диме“

Практичната настава, заедно со теоретската, создава трајни знаења. Водејќи се од ова, учениците од второ одделение заедно со нивните одделенски наставнички денеска беа во посета на „Фурна Диме“. Согласно материјалот што го изучуваат по предметот општество, го погледнаа процесот на правење леб. Конкретно, видоа како од зрно се добива леб. Упатуваме голема благодарност за гостопримството, […]

Практичен пристап за изучување на кристализација по предметот природни науки

При обработка на темата „Раствори и растворување, одделување на компонентите на смесата“ по предметот природни науки, учениците од V А и V Б на практичен начин извршија постапка за кристализација, односно формирање на кристали од презаситен раствор на шеќер и вода со прехамбена боја.

Посета на ПСУ „Јахја Кемал“

На 14.5.2024 година ученици од IX одделение имаа можност да се запознаат со програмите и капацитетите на ПСУ „Јахја Кемал“ на нивниот отворен ден насловен “Open Day for 9th Graders Jahya Kemal College”. Учениците беа придружувани од предметниот наставник Маја Автовска.

Реализирана посета на спортскиот аеродром Стенковец

Реализирана е посета на спортскиот аеродром Стенковец, каде што учениците од четврто и петто одделение имаа можност одблизу да се запознаат со воздухопловите, а стручно лице од самиот аеродром ги водеше и им ги презентираше истите.

Посета на Кинотека на Република Македонија

Посета на Кинотека на Република Македонија од страна на учениците од второ и трето одделение. Учениците следеа синхронизиран, едукативен филм „Смрдушковци”. Темата на филмот беше рециклирање на отпадот во еден град со цел да се ослободи населението од депонијата. Исто така во фоајето ги погледнаа и експонатите кои сведочат за историјата на македонската кинематографија.