Посета на Собрание на ученици од петто одделение

За потребите по предметот историја и општество и негова практична примена, учениците од петто одделение реализираа посета на нашето Собрание, каде што од овластено лице во оваа институција им беше објаснета работата како и функцијата на просториите во законодавниот дом. Учениците беа придружени од наставниците Теодора Савовска и Ружица К. Младеновска.
Посета на Собрание на ученици од предметна настава

Ученици од седмо и осмо одделение остварија посета на нашето Собрание, придружени од предметните наставници Катерина Николовска, Марина Ѓорѓиева и Мариана Стрезовска. Работата на законодавниот дом им беше презентирана од страна на одговорно лице во Собранието.
Одбележан 20ти ноември, Меѓународен Ден на Детето

На 20ти ноември се одбележува Меѓународниот Ден на Детето. За таа пригода, наставниците од одделенска настава подготвија низа активности со нивните ученици кои беа презентирани во училишниот хол. Тие преку работилници, драматизација, ритмички настап, мисли и творби ни пренесоа важни пораки за нивните права. Гостин ни беше и писателката Виолета Наумовска, која имаше работилница со […]
Одбележан Меѓународниот Ден на Толеранцијата

По повод 16ти ноември – Меѓународен ден на толеранцијата (International Day for Tolerance) во VI A и VI Б одделение се изведоа низа активности преку кои учениците се запознаа со важноста на толеранцијата, почитуване на различностите и културата на народите, како и формите на изразување кај сите луѓе. Активностите опфатија кратко предавање, пишување и боење […]
Посета на фестивалот „Златно Славејче“

На 15.11.2024 година беше реализирана посета на фестивалот „Златно Славејче“. Ученици од прво до петто одделение во придружба на нивните одделенски наставници имаа можност да се запознаат со нови песнички во реализација на златните славејчиња.
Изработки по повод 13 Ноември, Ден на ослободување на град Скопје

Го одбележуваме 13 Ноември, Ден на ослободување на град Скопје со изработки од учениците од I А одделение под менторство на нивниот одделенски наставник Весна Пенева.
НЕДЕЛА ПОСВЕТЕНА НА СПОРТСКО – РЕКРЕАТИВНИ И ЗАБАВНИ АКТИВНОСТИ

Во соработка со НАЦИОНАЛНАТА ФЕДЕРАЦИЈА СПОРТ ЗА СИТЕ и покровителство на агенцијата за млади и спорт, на 12.11.2024 година се организираа ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ со учениците од II А, II Б и III А одделение. Во организацијата од нашето училиште учествуваа наставниците по ФЗО Виолета Николова, Изабела Апостолоска, Јасмина Петрушевска и Марјанчо Дамјановски.
Учество на Дабар 2024

Како и секоја година и оваа се одржа интернационалниот натпревар по информатика Дабар 2024 чија што цел е промовирање на информатиката и нејзините сродни науки. Учениците решаваат интересни логички задачи кои го поттикнуваат нивното размислување. Истиот се организира во повеќе држави и е еден од најпопуларните натпревари во светот. 44 момчиња и 50 девојчиња учествуваа […]
Реализирана тридневна екскурзија во деветто одделение

Нашите деветтоодделенци успешно реализираа тридневна екскурзија низ Западниот дел на Република Македонија во периодот од 28 до 30 октомври. Се запознаа со убавините на тој дел од нашата земја, се едуцираа, се дружеа и забавуваа. Се вратија полни со позитивни импресии и убави спомени кои ќе ги паметат цел живот.
Посета на управа за хидрометеоролошки работи

На 31.10.2024 година се реализираше посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од страна на учениците од четврто одделение, придружени од нивните наставници. При посетата, учениците имаа можност одблиску да видат како функционираат одредени инструменти кои се користат во управата, а ги проширија и своите знаења од областа на метеорологијата, временската прогноза и климата, содржини […]