Одбележан 14ти февруари, денот на вљубените

Наставниците по англиски јазик активно се вклучија во одбележување на глобалниот феномен наречен Valentine’s Day, кој се одбележува низ целиот свет на 14ти февруари. Со нивните одделенија подготвија активности за украсување на училниците и училишниот хол, а беа поставени и кутии за пораки кои учениците од IX одделение потоа ги разделија низ одделенијата.

Одржан општински натпревар по математика

На 31.1.2025 година се одржа општинскиот натпревар по математика. Учествуваа ученици од 4то до 9то одделение под менторство на наставниците Сузана Младенова, Маја Димковска, Вера Атанасовска, Јоана Искова, Маја Автовска и Владимир Костовски. Им посакуваме успешни резултати!  

Донација на компјутери и компјутерска опрема

Искажуваме благодарност за донацијата на компјутери и компјутерска опрема кои беа доставени до нашето училиште од страна на НЛБ Банка преку реализација на нивен проект за дистрибуција на компјутери во училиштата низ Македонија.  

Реализиран новогодишен базар

На 26.12.2024 година успешно беше реализиран новогодишниот базар во холот на училиштето во организација на одделенските и класни раководители. Насмевки на лицата на учениците, присуството на голем број на родители и други гости придонесоа за убава и раздвижена атмосфера во училиштето.

Новогодишен базар

Почитувани, Ве каниме да го посетите нашиот новогодишен базар што го организираме секоја година во холот на училиштето. Оваа година базарот ќе биде на 26.12.2024 година со почеток од 17:00 часот. Ве очекуваме!

Украсување на училишниот хол во новогодишно руно

Зимската бајка пристигна и во нашето училиште. Училишниот хол е украсен со изработки и цртежи од зимски и новогодишни мотиви, изработени од ученици од предметна и одделенска настава, нивните наставници како и родители. Учениците исти така се потрудија да ги збогатат и своите училници со новогодишни изработки.

Посета на инклузивна претстава „Пат околу светот за 80 минути“

По повод 3ти декември, Меѓународен ден на лица со попреченост, учениците од нашето училиште ја проследија инклузивната танцова претстава „Пат околу светот за 80 минути“ во изведба на Eureka Dance Company. Учениците уживаа во прекрасната изведба, која ги однесе низ познатите европски држави, увидоа дека сите сме исти и дека не постојат различности. Ви благодариме […]

Учество на манифестацијата „Ноември – месец на науката“

На 23.11. 2024 година на Природно – математичкиот факултет – институтот по биологија се одржа манифестацијата „Ноември – месец на науката“ во кој учествуваа сите основни училишта од Македонија. Учествуваше и нашето училиште со две теми: 1. Како се формира видот- како гледаме – биологија VIII одделение. Презентиран од учениците Мелани Петрова, Матеа Чолкова и […]