Одбележан 20ти ноември, Меѓународен Ден на Детето

На 20ти ноември се одбележува Меѓународниот Ден на Детето. За таа пригода, наставниците од одделенска настава подготвија низа активности со нивните ученици кои беа презентирани во училишниот хол. Тие преку работилници, драматизација, ритмички настап, мисли и творби ни пренесоа важни пораки за нивните права.

Гостин ни беше и писателката Виолета Наумовска, која имаше работилница со ученици од петто одделение и ги повика и останатите ученици да ја зголемат својата љубов кон книгата и пишаниот збор.