Учество на Дабар 2024

Како и секоја година и оваа се одржа интернационалниот натпревар по информатика Дабар 2024 чија што цел е промовирање на информатиката и нејзините сродни науки. Учениците решаваат интересни логички задачи кои го поттикнуваат нивното размислување. Истиот се организира во повеќе држави и е еден од најпопуларните натпревари во светот.

44 момчиња и 50 девојчиња учествуваа од V, VI и VII одделение под менторство на наставничките по информатика и техничко образование Нина Стојановиќ и Оливера Костадинова.