По повод 16ти ноември – Меѓународен ден на толеранцијата (International Day for Tolerance) во VI A и VI Б одделение се изведоа низа активности преку кои учениците се запознаа со важноста на толеранцијата, почитуване на различностите и културата на народите, како и формите на изразување кај сите луѓе.
Активностите опфатија кратко предавање, пишување и боење на порака за толеранција, а се дел од проектот МИО.



