Реализиран еднодневен есенски излет

Реализиран еднодневен есенски излет до с. Скачковце, Куманово за ученици од прво до деветто одделение.
Вклучување во недела на борба против гладта

Се вклучуваме во глобалната кампања организирана од Црвениот крст – ОО Чаир со слоган „Помислете и на нас“ која се одвива од 16ти до 22ри октомври. Во оваа недела на борба против гладта, наставници, ученици и нивните семејства донираат храна за лица и ученици на кои им е најпотребна. Организатор на оваа кампања во нашето […]
Одбележување на Светскиот ден на храната во одделенска настава

Учениците од одделенска настава со нивните одделенски наставници приготвија низа активности за Светскиот ден на храната. Тие преку цртежи, изработки од овошје и зеленчук и песничка ни порачуваат дека здравата храна е патот кон подобар и поздрав начин на живот!
Одбележан 16ти октомври, Светскиот ден на храната

Нашето училиште го одбележува 16ти октомври, Светскиот ден на храната со мото „Храна за подобар живот и подобра иднина“, проследено со низа активности. На наша покана, гостуваа ученици од СУГС „Лазар Танев“ придружени од нивниот професор Дарко Миладиноски. Беше реализирана работилница каде што гостите, во соработка со наши ученици од шесто до деветто одделение, како […]
Посета на сеизмолошка опсерваторија

Учениците од петто одделение во придружба на нивните наставници по природни науки, Јасминка С. Вељковска и Љупка А. Таневска остварија посета на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Учениците имаа едукативна презентација на малку познати видео материјали за досега забележани катастрофи предизвикани од земјотреси, а имаа можност и да се прошетаат низ опсерваторијата каде […]
Одбележан 5ти октомври, Светскиот ден на учителот

Денес во нашето училиште го одбележавме 5 октомври – Светскиот ден на учителот. По овој повод организиравме училишна претстава на која се стави акцент на улогата на наставникот како главна алка во општеството. На претставата присустваше градоначалникот на општина Бутел, г-дин Дарко Костовски, претставници од општината, како и наставници кои се во пензија. Обраќање пред […]
Прием на првачиња во Детска организација

На 10.2.2024 година беше организирана приредба по повод прием на нашите првачиња во Детска организација. Првачињанта од сите четири одделенија имаа рецитал, а ученици од петто одделение подготвија и кратка драматизација.
Одбележан Европскиот ден на јазиците

Учениците од одделенска и предметна настава го одбележаа 26ти септември, Европскиот ден на јазиците со изработки и активности подготвени од активот на странски јазици во нашето училиште.
Гостување на пистелката Виолета А. Наумовска

На покана од нашето училиште гостуваше писателката Виолета А. Наумовска, која што на учениците од петто одделение им презентираше дел од својата богата збирка книги за деца. Учениците имаа можност да дискутираат и да постават прашања за книгите, а беше договорена и работилница каде што учениците и писателката заедно ќе ги обработат истите.
Есенска работилница

Нашите вредни ученици од прво до петто одделение се потрудија да направат изработки во вид на цртежи, постери, декорации како и драматизација за одбележување на почетокот на есента преку реализација на есенска работилница со нивните одделенски наставници. Тие овие изработки ги употребија за украсување на училишниот хол како и за своите училници.