Активности за ден на училиштето под мото „Зборот на Климент и народните звуци се нашите корени“

Активностите за денот на училиштето беа заокружени со претстава под мотото „Зборот на Климент и народните звуци се нашите корени“.

Пред многубројни гости од нашата општина, родители, ученици како и гости од збратименото училиште „Милутин Смиљковић“ од Република Србија, обраќање пред присутните имаа директорката на училиштето, д-р Снежана Петреска и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, кои го честитаа патрониот празник на училиштето.

Тематиката на претставата беше македонскиот етно звук и стил, кој се негувал низ вековите. Ученици од нашето училиште, под менторство на наставниците по македонски јазик, музичко образование како и одделенски наставници, се погрижија за автентично претставување со изведба на песни и кореографии инспирирани од македонското минато.

Истовремено, гостуваа и играорното друштво „Плетеница“ кои се претставија со неколку нивни изведби.