Работилница на тема „Ментално здравје и добросостојба на учениците“

Во рамки на проектот “Унапредување на менталното здравје на учениците” преку заедничка соработка на БРО со УНИЦЕФ за воспоставување на сервиси за колегијална поддршка и зајакнување на професионалните компетенции на стручните соработници, денес во нашето училиште се одржа првата работилница.
Работилницата беше на тема: „Ментално здравје и добростојба на учениците“ и во неа беа вклучени учениците од V Б одделение и одделенскиот раководител Даниела Салтирова. Работилницата ја модерираа училишниот психолог Анета Сековска-Ѓорѓиоска во со работка со психологот од ООУ„Браќа Миладиновци” – Аеродром, Соња Фортуманова.