Одбележан светскиот ден на сидата

Го одбележуваме светскиот ден на сидата со работилници и презентации на оваа тематика со учениците од 8мо и 9то одделение, организирани од наставничката по биологија, Лилјана Петковска. На покана на наставничката гостуваше и наша поранешна ученичка, а сега медицинско лице, апсолвент на ПМФ – Биохемиска насока, Ивана Мрчковска, која стручно им презентираше на учениците факти […]
Акција за донирање на стара хартија

Почитувани, Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов -Скопје, започна кампања под мотото „Донирајте стара хартија – за нова Брајова книга“. Целта на акцијата е да се собере стара и неупотреблива хартија (стари книги, учебници, списанија итн.) со цел истата да се рециклира и да се добие нова хартија која ќе […]
Учество на Дабар 2022 меѓународен натпревар по информатика

Ученици од нашето училиште, под менторство на наставниците Ивана Јакимовска, Сузана Младенова и Нина Дуковска земаа учество на „Дабар 2022“ меѓународен напревар по информатика наменет за основни и средни училишта.
Одбележување на 20ти ноември, светски ден на детето

Учениците од прво одделение, со нивните одделенски наставници го одбележаа 20ти ноември, светскиот ден на детето со низа творби и цртежи како и со едукативна видео презентација.
Одбележување на меѓународниот ден на толеранцијата

Учениците од III Б со наставничката Маја Димковска го одбележаа меѓународниот ден на толеранцијата со изработка на постер. Толеранцијата подразбира волја и способност да се почитува различноста, таа е форма на изразување и начин да бидеме другари едни со други.
Одбележување на месецот на книгата

Во нашето училиште го одбележавме МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА. Наставничките по македонски јазик и учениците го украсија училишното пано со нивни изработки.
Научно истражувачка екскурзија до Ботаничка Градина

Изминатите три дена беше организирана научно-истражувачка екскурзија до Ботаничка градина на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет за одбележување на месец ноември како месец на науката. 190 ученици од нашето училиште, во придружба на наставничката по биологија, Лилјана Петковска и наставничките Марина Георгиева, Маја Автовска и Виолета Николова се запознаа одблизу со растенијата и ендемските […]
Работилница тема „Значењето на логопедскиот третман и формирање на говорот кај децата од училишна возраст“

Во организација на директорката, педагогот и психологот на училиштето на 14.11.2022 година се одржа предавање и работилница на тема „Значењето на логопедскиот третман и формирање на говорот кај децата од училишна возраст“. Предавањето го одржа д-р Ристе Јаневски, дипломиран клинички логопед, вработен во ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас, а истото беше […]
Средба со писателот Горјан Петревски

На 16.11.2022 година гостин во нашето училиште беше писателот Горјан Петревски. На средбата учениците имаа можност да поставуваат прашања, поразговараат и споделат нивни размислувања за романите и делата на авторот, како и да слушнат некои интересни анегдоти.
Одржана воведна работилница за превенција на насилство

Стручната служба на нашето училиште, во соработка со СВР Скопје започнуваат со реализација на серија работилници за превенција на насилство кои ќе се одржуваат во текот на целата учебна година. За таа намена, формиран е клуб за превенција од насилство, во кој членуваат ученици од седмо и осмо одделение. Денес се одржа првата воведна работилница.