Денес е во мода да се прават многу вкусни јадења и десерти по најубави рецепти.
Но, на денешниот ден 21.03 – Денот на поезијата, наставничките по македонски јазик Татјана Цветковска и Цветанка Гаговска, решија да направат Рецепт за песни, наменети за своите ученици. Во училишната библиотека денес царуваше поезијата, а ние сите уживавме во приготвените песни кои нѐ почестија со богата духовна храна.



