Општина Бутел – Opstina Butel и градоначалникот Дарко Костовски ја организираат првата Олимпијада на Бутелски Сезнајковци 2023, која се одржа на 10.03.2023 година. Низ дружба, знаење и игра тимот од нашето училиште составено од: Ева Георгиева IX A, Александра Ристовска IX A, Огнен Деспотовиќ VIII В и Михаела Димоска VIII Б достојно нѐ претстави, и покажа дека учењето има голема моќ. Задоволство ни беше да бидеме дел од овој настан.



