Учество панел дискусија на тема „Правиот пат до создавање на детска литература“

Наставниците Рада Гроздановска и Анета Стајковска Трајковска учествуваа на панел дискусија на тема „Правиот пат до создавање на детска литература“. Дискусијата, во организација на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ и Здружение ДЕЦА ЗА ДЕЦА, се одржа на 7.4.2023 година.
Одбележување на 7ми април – Светски ден на здравјето

Денес – седми април, го одбележавме Светскиот ден на здравјето. Имено, учениците од второ одделение ги посетија првачињата заедно со нивните наставници, разговараа за здравата храна, за водење на здрав живот, за важноста на здравјето. Тие несебично, грижејќи се за здравјето на своите другарчиња симболично им поделија по едно овошје. Дел од работилницата беше спроведена […]
Презентација за „Европска жива библиотека“

Денес на учениците од IX А одделение им беше презентиран проектот “Европска жива библиотека” во кој се имплементирани шест држави: Македонија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Шпанија. Темите за испитувањето се дискриминација и толеранција, а испитаниците кои учествувале во проектот се поделени во 4 категории: млади лица, жени, мигранти и возрасни лица над […]
Донација за училишната библиотека од АРС ЛАМИНА

Училишната библиотека е подновена со нови книги, стручна литература и дидактички материјали, благодарение на донацијата што претставници од Ars Lamina ја доставија во нашето училиште.
Одбележување на Први април, ден на шегата

Во пресрет на Први април, денот на шегата, учениците од нашето училиште денес на часовите се појавија со разновидни маски и креации. Дел од нив беа одбрани и како претставници од училиштето на манифестацијата „Априлијада 2023“ во организација на Општина Бутел – Opstina Butel.
Изведба на театарска престава „Распеана турлитава“

Ученици од прво до петто одделение имаа можност да присуствуваат на изведба на театарска претстава „Распеана турлитава“ која беше изведена во училишната спортска сала. Актерите низ песна, игра, хумор и анимација пренесоа позитивни вибрации кај учениците, а самата престава имаше корелација и со редовните предмети што ги изучуваат учениците, имено македонски јазик и музичко образование.
Активности за светскиот ден на театарот

Го одбележуваме светскиот ден на театарот со повеќе активности. Учениците од V A одделение ни подготвија драматизација која ја демонстрираа во повеќе одделенија, а предметните наставници по македонски јазик во соработка со ученици од VI А и VII В подготвија презентација и постери на оваа тема.
Одбележување на ден на трисомија – Даунов синдром

За одбележување на денот на трисомијата – Даунов синдром, во нашето училиште на ден 21.3.2023 година се одржа предавање и презентација за Даунов синдром. Во организација на наставниците Лилјана Петковска и Јасминка Стојанова Вељковска поканета беше и личност со Даунов синдром. Марио Мицковски, кој што е успешен спортист, присуствуваше на предавањето и со учениците ги […]
Одбележување на Светскиот Ден на Водите

Активите на прво и второ одделение заедно со наставничката по географија Марина Ѓорѓиева со низа активности го одбележаа ” Светскиот ден на водата”. Целта е уште од најмали нозе да стекнеме навики за правилно и рационално користење на водата, како и за тоа да разбереме колку е важна во нашиот секојдневен живот.
Донација на спортска опрема

Нашето училиште доби донација на спортска опрема – топки за потребите по предметот физичко и здравствено образование. Благодарност до Градоначалникот Дарко Костовски и Општина Бутел – Opstina Butel за донацијата!