Активности за одбележување на Светскиот ден на планетата Земја

Прекрасни временски услови, весели детски ликови и позитивна енергија. Овие зборови се најсоодветни за опис на одбележувањето на 22ри април, Светскиот ден на планетата Земја, во ООУ,,Свети Климент Охридски“-Бутел. Преку изработените ликовни творби и флаери со моќни пораки за воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и земјата од која расте нашата храна, учениците […]

Активности за денот на уметноста

По повод 15 април, Светскиот ден на уметноста, на ден 12.04.2023 (четврток) се одржа работилница во чест на роденденот на познатиот уметник Леонардо Да Винчи кој е синоним за толеранција, мир и слобода во изразувањето и мултикултурализам. Во оваа работилница беа разработени уметнички и музички творби. Учениците беа запознаени со биографијата на Да Винчи, а […]

Велигденски активности

Повеќе активности беа подготвени и спроведени деновиве во пресрет на празникот Велигден. Учениците од прво и четврто одделение ни подготвија видео пораки – песничка и рецитал, како и изработки од глина, стапчиња во боја и цртежи, а вторачињата изработија творби – rocking chick на часовите по англиски јазик.

Креативна работилница за денот на уметноста

Во пресрет на 15ти април, денот на уметноста, ученици од нашето училиште, во придружба на наставникот по ликовно образование Санда Миева, присуствуваа на работилница насловена „Oд песна до слика“, каде што покрај ученици од нашето училиште, учествуваа и ученици од „Петар Здравковски Пенко“ и приватното училиште за цртање „Курс Мотиви“. Настанот беше во организација на […]

Работилница со родители

Одржана е креативна работилница во пресрет на празникот Велигден, во која што беа вклучени и родители од III А одделение. Голема благодарност за креативноста и помошта од родителот Билјана Мрчковиќ.

Практичен час по природни науки – пренос на звук

Учениците од IV А одделение практично се запознаа со пренос на звук низ различни материјали на часот по природни науки. Тие со нивниот одделенски наставник Весна Пенева направија телефон од хартиени чаши и ги испробаа во но и надвор од училницата.

Обука на тема „Препознавање и превенирање на меѓуврсничко насилство и подготовка за работа со деца, креатори на насилно однесување и жртви на насилство во воспитно-образовните установи“

Со поддршка од општина Бутел и градоначалникот Дарко Костовски, а во соработка со Институтот за развој и унапредување на образование, култура, економија, право, здравје, спорт и други општествени феномени ЕВРОПСКИ СОЅВЕЗДИЈА, се одржа обука за наставниците, стручните соработници и раководни лица од нашето училиште на тема „Препознавање и превенирање на меѓуврсничко насилство и подготовка за […]

Упис на првачиња за учебната 2023/24та година

Почитувани родители, Во прилог ја споделуваме апликацијата за упис на првачиња за учебната 2023/24 година. Откако ќе ја пополните во целост апликацијата, ќе бидете контактирани од стручната служба на училиштето. Линк до апликацијата Останати документи кои се потребни за упис на вашето прваче се: Извод од матична книга на родени; Потврда за примени вакцини; Потврда […]

Велигденски хепенинг

На 11.4.2023 година се одржа голем велигденски хепенинг во нашето училиште. Ученици со нивните наставници имаа изложено штандови со разни изработки со велигденска тематика. Атмосферата беше позитивно наелектризирана со голем број насмевки, љубопитни погледи, џагор и целосна распродажба на изложеното. Средствата кои се собрани ќе бидат наменети за хуманитарни цели за ученик од училиштето.

Практичен час по биологија

Практичен час по биологија со учениците од VII одделение, истражување на почвите. Учениците се запознаа со својствата на почвата во училишниот двор.