По повод 15 април, Светскиот ден на уметноста, на ден 12.04.2023 (четврток) се одржа работилница во чест на роденденот на познатиот уметник Леонардо Да Винчи кој е синоним за толеранција, мир и слобода во изразувањето и мултикултурализам.
Во оваа работилница беа разработени уметнички и музички творби. Учениците беа запознаени со биографијата на Да Винчи, а беше подготвен и презентиран текст како краток осврт за ликот и делото на познатите врвни музичари Орландо Ди Ласо и Џ. Л. Палестрина, кои заедно со Да Винчи твореле во времето на ренесансата. Токму слушањењто на нивната преубава музика претставуваше музичка илустрација на целата работилница. Биографијата на Да Винчи и Орландо Ди Ласо и Палестрина беше подготвена и презентирана и на англиски јазик.
Ученици вклучени во овој проект/ работилница:
Учениците од IX Б одделение
Активностите опфатени од предметот музичко образование ги спроведоа учениците Дејна Дрпљанин, Ања Ѓорѓиева, Бранкица Ластевска и Марко Кисковски од IX Б одделение.
Цртежите ги изработија учениците Ања Костовска од IX А и Ирена Ристиќ од IX В одделение.
Презентација на текстот на англиски јазик беше изведен од Ања Ѓоргиева од IX Б и Ева Илиевска од VI А одделение.
Ментори кои работеа со учениците на овој проект/работилница беа:
Сузана Јовчева – наставник по музичко образование
Катерина Богданова – нaставник по англиски јазик
Санда Миева – наставник по ликовно образование



