Учество на „Денови на електротехника“

Во периодот од 2.5.2023г до 4.5.2023г ученичките Ева Георгиева, Александра Ристовска и Моника Илиевска од IX А одделение, под менторство на наставничката по физика Јоана Искова учествуваа на манифестацијата “Денови на електротехника” во СЕТУ ” Михајло Пупин” – Скопје. Ученичките се стекнаа со сертификати за успешно учество на натпреварот. Притоа го посетија и изложбениот центар […]

Хуманитана акција за ученик од училиштето

На ден 27.4.2023 година беше организирана хуманитарна акција со огранокот на црвениот крст во нашето училиште. Беа собрани финансиски и материјални средства во текот на минатата недела и истите беа доставени до семејството на ученик од социјално-ранлива категорија од нашето училиште.

Реализирана екскурзија до Маврово

На 2.5.2023 година беше спроведена еднодневна екскурзија за учениците од III одделение. Учениците во придружба на нивните одделенски наставници имаа можност да се запознаат со природните убавини и карактеристики на местото Маврово и околината, како и да се запознаат со културата и начинот на живеење на луѓето во ова подрачје на нашата држава.

Одбележан светскиот ден на танцот

Во чест на Светскиот ден на танцот – 29ти април, на ден 28.4.2023 година беше одржана работилница со која ја славевме музиката и танцот како уметност која што со својата убавина ја облагородува човековата душа. На оваа работилница работевме матурски танц во кој беа вклучени учениците од IX одделение. Учениците танцуваа на композиција во еден […]

Одбележување на Светскиот ден на англискиот јазик

23ти април е датумот кога се одбележува Светскиот ден на англискиот јазик. Изминатите неколку дена активот по англиски јазик со учениците од одделенска и предметна настава подготвија неколку активности за одбележување на овој ден. Наставничката Светлана Стојкова со нејзините ученици истражуваа интересни факти за англискиот јазик, а направија и интересни цртежи инспирирани од овој ден. […]

Учество на панел дискусија

На 26.4.2023 година општина Бутел и фондацијата Конрад Аденауер организираа панел дискусија на тема создавање европска општина – политика на интегритет за нула корупција. Ученици од IX одделение во придружба на предметни наставници и дел од стручната служба од нашето училиште учествуваа во дискусијата и споделија свои прашања на оваа тема.

Одбележан Светскиот ден на книгата

Денес го одбележавме Светскиот ден на книгата со техниката „Авторска столица”, со која учениците се запознаваат со содржина на непрочитана книга. Ученикот Матео Слезенковски под менторство на наставничките Татјана Цветковска и Цветанка Гаговска, како и библиотекарот Златко Тапчановски успешно ја реализираа активноста и докажаа дека книгата е врска меѓу минатото и иднината. Исто така, меѓу […]

Приредба за деца од градинките „11 Октомври“ од Бутел 1 и Радишани

Учениците од петто одделение, во придружба на нивните одделенски наставници Александра Ничевска Бадаревска и Даниела Салтирова Кочијева, како и дел од стручната служба на училиштето организираа приредба за големата група дечиња од градинките „11 Октомври“ во Бутел 1 и Радишани.

Обновена училишната менза

Училишната менза е уредена и подновена со помош на донација од општествено одговорни граѓани. Искажуваме благодарност од училишниот колектив.

Одбележување на 22ри април, Светски ден на планетата Земја, од нашите четвртодделенци

Креативни цртежи, постери и пораки ни подготвија учениците од IV одделение во пресрет на Светскиот ден на планетата Земја, 22ри Април. Со нивните одделенски наставници преку овие активности тие активно се трудат да ни ја подигнат свеста за заштита на нашата планета Земја.