На 11.4.2023 година се одржа голем велигденски хепенинг во нашето училиште. Ученици со нивните наставници имаа изложено штандови со разни изработки со велигденска тематика.
Атмосферата беше позитивно наелектризирана со голем број насмевки, љубопитни погледи, џагор и целосна распродажба на изложеното. Средствата кои се собрани ќе бидат наменети за хуманитарни цели за ученик од училиштето.



