Реализирана екскурзија до Маврово

На 2.5.2023 година беше спроведена еднодневна екскурзија за учениците од III одделение. Учениците во придружба на нивните одделенски наставници имаа можност да се запознаат со природните убавини и карактеристики на местото Маврово и околината, како и да се запознаат со културата и начинот на живеење на луѓето во ова подрачје на нашата држава.