Учество на „Денови на електротехника“

Во периодот од 2.5.2023г до 4.5.2023г ученичките Ева Георгиева, Александра Ристовска и Моника Илиевска од IX А одделение, под менторство на наставничката по физика Јоана Искова учествуваа на манифестацијата “Денови на електротехника” во СЕТУ ” Михајло Пупин” – Скопје.

Ученичките се стекнаа со сертификати за успешно учество на натпреварот. Притоа го посетија и изложбениот центар на Матка каде се запознаа со начинот на создавање на електричната струја во хидроцентрала како и начинот на спроведување и снабдување со електричната струја низ цела Македонија. Покрај проширување на своите знаења се стекнаа и со нови пријателства и познанства.