Одбележан 15ти мај, Светски ден на семејството

15ти мај е Светски ден на семејството. Првачињата заедно со своите одделенски наставнички го одбележаа овој ден преку низа активности, ставајќи акцент на важноста и поврзаноста на семејните врски!

Посета на Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски

Учениците од IV одделение го посетија Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски. Тие имаа можност да присуствуваат на церемонијата за промена на државното знаме на платото пред Кабинетот. Го проширија знаењето по историја и општество, разговараа со Претседателот Пендаровски за неговата работа, ги посетија просториите во кои се одвиваат официјални и работни средби, свечености, церемонии и […]

Посета на Комунална хигиена – Центар за селектирање и рециклирање на отпад

Учениците од трето одделение, во придружба на нивите одделенски наставници реализираа посета на Комунална хигиена – Центар за селектирање и рециклирање на отпад, каде што се запознаа со процесот на рециклирање на пластика, а имаа и неколку забавни активности.

Спроведена еко-акција „Генералка Викенд“

Во организација на Општина Бутел – Opstina Butel и градоначалникот Дарко Костовски, се спроведе акција во нашето училиште „Генералка викенд“, во која што ученици од одделенска и предметна настава активно учествуваа во собирање на стара хартија и неупотреблива пластика од внатрешните простории и дворот на училиштето. Собраните материјали ќе бидат доставени за нивно соодветно рециклирање.

Одбележување на 113 години постоење на нашето збратимено училиште ОШ„Милутин Смиљковић“

Делегација од нашето училиште предводена од директорот Снежана Петреска присуствуваше на манифестација во Република Србија по повод одбележување на 113 години постоење на училиштето ОШ „Милутин Смиљковић“, со кое сме збратимени. Беа спроведени неколку активности и размена на искуства во пријатна и позитивна атмосфера.

Одбележан 9ти мај, Денот на Европската унија и победа над фашизмот

9ти мај се одбележува како ден на Европската унија и победа над фашизмот. По тој повод, наставничката по граѓанско образование Марија Димовска организираше заедничка активност со ученици од ООУ „Панајот Гиновски“ и ученици од IX одделение од нашето училиште.

Посета на „Саем на книгата 2023“

„Саемите на книги се како градини на знаењето, цветаат со приказни и идеи, чекајќи да бидат истражени од љубопитни умови“ – Непознат автор Учениците од предметна настава, во придружба на предметните наставници Цветанка Гаговска, Виолета Јосмова и Оливера Костадинова го посетија овогодинашниот саем на книгата и имаа можност да се запознаат со најновите наслови и […]

Експеримент по природни науки

На часот по природни науки, учениците од петто одделение со предметниот наставник Јасминка Стојанова Вељковска направија експеримент : “Филтрација на вода”.

Одбележан 5ти мај, Ден на македонскиот јазик

На денешен ден, 5ти мај, го одбележуваме денот на македонскиот јазик, кога уште во далечната Во 1945та година, на овој ден, македонската азбука е објавена во весникот „Нова Македонија“ и станува озаконета. Денес, го одбележуваме овој ден за да оддадеме почит на минатото, но и да се осврнеме кон иднината, со почитување, негување, чување и […]