Посета на Управа за хидрометеоролошки работи

Во склоп на предметот природни науки, учениците од IV одделение во придружба на нивните одделенски наставници ја посетија Управата за хидрометеоролошки работи и се запознаа со работата и инструментите за мерење на временска прогноза на оваа институција.
Стоп за булинг-врсничко насилство

„Стоп за булинг-врсничко насилство“, учениците од V одделение истражуваа и изработија постери на кои сликовито и текстуално го претставија врсничкото насилство.
Виртуелна посета на Музејот на македонската борба за самостојност

Во пресрет на претстојниот празник, 23ти октомври, Ден на Македонската Револуционерна Борба, наставничката по историја Катерина Николовска изведе виртуелна посета на Музејот на македонската борба за самостојност со ученици од седмо одделение. Оваа активност се реализира во рамките на проектот за Меѓуетничка Интеграција во Образованието.
Реализирана еднодневна есенска екскурзија

На 19.10.2023 година се реализираше еднодневна училишна екскурзија за ученици од прво до деветто одделение на локација „Марков Манастир“. Покрај дружбата и свежиот воздух, учениците имаа можност и да го посетат и етно-музејот со разновидни експонати од богатата македонска историја изложени од сестринството на самиот манастир.
Одбележан 16ти октомври, светски ден на храната

16ти октомври се одбележува како светски ден на храната. За оваа пригода, учениците од прво одделение со колаж и пластелин ни изработија и претставија нивни идеи за здрава храна.
ЕКО акција спроведена од IV В одделение

Денес учениците од IV В одделение заедно со својата наставничка Вера Атанасовска спроведоа еколошка акција. Го исчистија училишниот двор и игралиштата до училиштето. ПОРАКА ОД УЧЕНИЦИТЕ : ДА НЕ СЕ ОСТАВА ОТПАД ЗАД СЕБЕ. ДА ГО ЧУВАМЕ ОНА ШТО ГО ИМАМЕ.
Посета на ЗОО Скопје

Учениците од второ и четврто одделение заедно со своите одделенски наставнички ја посетија Зоолошката градина. Целта на посетата беше да се продлабочат знаењата за животните и нивните живеалишта, согласно материјалот што го изучуваат по природни науки. Водно означивме и убав крај на ,,Детската недела”.
Одбележана Детска недела

Одбележана е Детската недела со неколку активности спроведени низ одделенијата. Учениците од V одделение пишуваа песни за „Другарство“ и ги посетија првачињата, ученици од III Б одделение низ цртежи ги преточија своите мисли на оваа тема, а учениците од I В одделение изработија постер посакувајќи им на сите деца среќно и безгрижно детство.
Одбележување на Светскиот ден на учителот, 5ти октомври

Денес во нашето училиште го одбележавме 5 октомври – Светскиот ден на учителот. По овој повод организиравме настан на кој беа поканети многу гости помеѓу кои и двајцата врвни писатели Горјан Петревски и Крсте Велески, учениците и професорите од ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј“, претставници од Здружението на просветни работници на град Скопје, претставници од Дом […]
Спроведени МИО активности за Денот на Бошњаците

Во рамките на проектот Мултиетничка Интеграција во Образованието (МИО), оваа недела се реализираа активности по повод Меѓународниот Ден на Бошњаците. Ученици од осмите одделенија спроведоа истражување за културата, традицијата и обичаите на Бошњаците по што изработија кратки текстови и цртежи, кои потоа беа поставени на училишните паноа.