Спроведени МИО активности за Денот на Бошњаците

Во рамките на проектот Мултиетничка Интеграција во Образованието (МИО), оваа недела се реализираа активности по повод Меѓународниот Ден на Бошњаците. Ученици од осмите одделенија спроведоа истражување за културата, традицијата и обичаите на Бошњаците по што изработија кратки текстови и цртежи, кои потоа беа поставени на училишните паноа.