Одбележан месецот на науката со низа активности

Го одбележуваме месецот на науката со серија активности спроведени на часовите од природната група на предмети. Учениците од VIII одделение изработија молекули, играа домино со хемиски симболи и експериментираа на часовите по хемија. Учениците од VII одделение правеа проект – истражување во домашни услови за потребите на часовите по биологија. Учениците од VI одделение изработија […]

Донација на канцелариска опрема и материјал од Кроација осигурување

Голема благодарност до Кроација осигурување АД Скопје – Друштво за осигурување на живот за донацијата на канцелариска опрема и мебел во нашето училиште. Училниците се опремија со бироа, плакари, ормари и фиоки за складирање на материјали, наставничката канцеларија е опремена со столици, бела табла е поставена во кабинетот по македонски јазик а подновена е и […]

Работилница во II В одделение „Силни Чувства“

На 22.11.2023 година се одржа работилница на тема „Силни чувства“ во II В одделение. Учениците се едуцираа за препознавање и изразување на чувства, како и начини на справување со силни непријатни чувства. Работилницата беше реализирана од страна на училишниот психолог, Ивана Кметовска.

Посета на детскиот фестивал Златно Славејче 2023

Светскиот Ден на детето – 20ти Ноември одбележан со песна, музика и убаво расположение. Учениците од прво, второ и дел од четврто и петто одделение го посетија детскиот фестивал “Златно славејче”. Учесници на овој фестивал се и нашите ученици Ангела и Никита Димитријов од IV Б и V В одделение, кои се претставија со своја […]

Работилница на тема: Здравје и грижа за здравјето во III Б одделение

На 20.11.2023 година Д-р Kaтe Eфтимова специјалист пулмоалерголог, на покана на одделенскиот раководител Мирослав Митиќ одржа работилница на тема „Здравје и грижа за здравјето“ во III Б одделение. Активната улогата на родителите во воспитно-образовниот процес има позитивно влијание, не само врз училишниот успех на нивните деца, туку и врз нивниот развој и севкупно однесување. Затоа, […]

Реализирана обука за медиумска писменост

На 15ти и 16ти ноември се одржа обука за одделенските наставници и наставниците по македонски јазик во организација на Бирото за развој на образованието и Македонскиот институт за медиуми како дел од проектот на УСАИД „Младите размислуваат“. Целта на обуката беше да ги подготви наставниците ефективно да го пренесат знаењето за медиумска писменост кај своите […]

Учество на Дабар 2023

Оваа недела се одржува интернационалниот натпревар по информатика Дабар 2023 чија што цел е промовирање на информатиката и нејзините сродни науки. Учениците решаваат интересни логички задачи кои го поттикнуваат нивното размислување. Истиот се организира во повеќе држави и е еден од најпопуларните натпревари во светот. 70 момчиња и 50 девојчиња од V, VI и VII […]

Одбележан 13ти ноември, Денот на ослободување на Скопје

Нашите ученици од одделенска настава со нивните наставници ни подготвија низа активности по повод 13ти ноември, Денот на ослободување на Скопје. Учениците од прво одделение ни подготвија цртежи, второ и трето одделенците подготвија рецитали, песнички и цртежи, додека пак учениците од петто одделение подготвија цртежи и римувана поезија. Учениците од предметна настава преку историската секција […]

Посета на Општина Бутел

Учениците од IV одделение во придружба на нивните одделенски наставници остварија посета на Општина Бутел, каде што ги продлабочија своите знаења за работата на општината по предметот историја и општество, а имаа можност и да поразговараат со Градоначалникот на општината, г-дин Дарко Костовски.  

Одбележан месецот на книгата

Од 15 октомври до 15 ноември се одбележува Месецот на книгата. По тој повод во нашето училиште организиравме настан на кој учениците се претставија со изработки, творби, драматизации, рецитали, музички изведби и други содржини. Сé беше во знакот на книгата, бидејќи книгата е сон кој го држиме во рацете!