Одбележана недела на спортот

Ја одбележавме неделата на спортот со неколку активности, дисциплини и спортски вежби изведени од ученици од предметна настава, под менторство на наставниците по ФЗО Виолета Николова и Изабела Апостолоска.
Активности за 26ти септември, Европскиот Ден на Јазиците

Наставниците по англиски јазик организираа серија активности за одбележување на 26ти септември, Европскиот Ден на Јазиците. Во предметна настава, учениците истражуваа разновидни факти за светските јазици, а во одделенска настава, се изработија и обоија знамиња, како и постер со фразата „Здраво“ на неколку светски јазици. Во активностите беа вклучени и ученици од нашето подрачно училиште […]
Присуство на свечено отворање на плоштадот „Слобода“

Ученици од второ до петто одделение во придружба на одделенски и предметни наставници присуствуваа на свеченото отварање на плоштадот „Слобода“ во нашата општина. Ученици од шесто одделение имаа и сценска изведба за време на настанот.
Практичен час по изборниот предмет Заштита на животната средина

Учениците од четврто одделение по изборниот предмет Заштита на животната средина ја истражуваа природната средина во близина на училиштето.
Одбележан Денот на независноста!

Учениците од второ В одделение со нивната наставничка Анета Утковска изработија дел од симболите на нашата држава, знамето и грбот, за одбележување на 8ми септември, Денот на независноста!
Донација на училишни залихи за ПОУ„Свети Климент Охридски“ Визбегово

Проект Среќа донираа ранци, училишен прибор и залихи за учениците од подрачното училиште во Визбегово.
Почеток на новата учебна година!

Први септември, почеток на првиот училишен ден за сите ученици. Денес во нашето училиште смело зачекорија и нашите првачиња. Беше подготвена кратка манифестација на која пред присутните се обратија директорката на училиштето Снежана Петреска и Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски кои посакаа успешен почеток на сите ученици. За сите првачиња беа подготвени и подароци […]
Соопштение за почеток на новата учебна година
Гостување на амбасадорот на Република Словачка

Свечено доделени сертификати за успешна завршена обука за педагошки помошници во основното образование од страна на амбасадорот на Република Словачка, господин Хенрик Маркуш и Претседателот на ЗРДИЦМ Зоран Димов , кои гостуваа во нашето училиште. Задачата која треба да ја обавуваат е обезбедување на помош при образовниот процес, соработка со родители, останување во училиштето и […]
Освежување на училишните стази

Неуморно се работи на уредување и освежување на стазите во училишниот двор од страна на вработените и ученици. Со весели бои се исцртуваат разни форми и облици кои веруваме ќе им послужат на учениците за рекреација и игри.