Одбележување на Светскиот ден на учителот, 5ти октомври

Денес во нашето училиште го одбележавме 5 октомври – Светскиот ден на учителот. По овој повод организиравме настан на кој беа поканети многу гости помеѓу кои и двајцата врвни писатели Горјан Петревски и Крсте Велески, учениците и професорите од ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј“, претставници од Здружението на просветни работници на град Скопје, претставници од Дом на културата како и многу наставници во пензија. На самиот настан се стави акцент на улогата на наставникот како главна алка во општеството. Нека ни е честит Светскиот ден на учителот!