Одбележан 13ти ноември, Денот на ослободување на Скопје

Нашите ученици од одделенска настава со нивните наставници ни подготвија низа активности по повод 13ти ноември, Денот на ослободување на Скопје. Учениците од прво одделение ни подготвија цртежи, второ и трето одделенците подготвија рецитали, песнички и цртежи, додека пак учениците од петто одделение подготвија цртежи и римувана поезија. Учениците од предметна настава преку историската секција подготвија проект за Скопје низ годините.