Реализирана детска новогодишна театарска престстава

На 20.12.2023 година во училишната сала се реализираше детската новогодишна театарска претстава „Новогодишни подароци“ во изведба на професионална група актери, пејачи и танчари. Ученици од прво до петто одделение имаа можност да бидат дел од претставата со интерактивни елементи.

Новогодишно украсување на училишниот хол

Нашите ученици со нивните одделенски наставници и група родители се погрижија училишниот хол да биде украсен во духот на претстојните новогодишни празници! Цртежи, украси и разновидни декорации сега го красат холот, а пред училишната бина е поставена и елка изработена од дрвени гајби, кои минатата година ученици од предметна настава ги подготвија во рамките на […]

Втора награда на ликовен конкурс

Ученичката Стела Киранџиска од IX Б одделение доби втора награда на ликовниот конкурс организиран од средното градежно училиште Здравко Цветковски за својот цртеж – проект на тема „Мојата зимска куќа“. Во придружба на наставничката по ликовно образование Санда Миева, група ученици присуствуваа на прогласувањето на победниците во просториите на средното училиште на 13.12.2023 година.

Трета награда за цртеж во детското списание „Детски Клик“

Креативноста на нашите ученици покажана на дело. Во рубриката суперчитатели на детското списание „Детски Клик“ за темата „Мојата омилена книга“, ученичката Мила Стојческа од III Б одделение со својот испратен цртеж освои трета награда.

Одбележан патрониот празник со вечерна претстава

Под мотото „Климентовото слово – сончев патоказ за навек“ нашето училиште го одбележа патрониот празник со вечерна претстава и голем број на гости од локалната самоуправа, градот Скопје, Министерството за образование, но и гости од странство како и родители и ученици. Обраќање пред присутните имаа директорката на училиштето Снежана Петреска и Градоначалникот на општина Бутел, […]

Изработки по повод патрониот празник на училиштето

Песнички, творби и цртежи ни подготвија учениците од петто одделение за патрониот празник на училиштето, додека пак учениците од III В одделение покрај изработениот постер, споделија и неколку пораки за нивното согледување на училиштето.

Посета на училишниот менаџмент од страна на првачињата

Денес во нашето училиште редовен состанок одржа Училишниот парламент. На состанокот присуствуваа претседателите на сите одделенија, Ученичкиот правобранител како и одговорните наставници и на него се дефинираа подготовките за престојниот патронат на училиштето.

Редовен состанок на Училишниот парламент

Денес во нашето училиште редовен состанок одржа Училишниот парламент. На состанокот присуствуваа претседателите на сите одделенија, Ученичкиот правобранител како и одговорните наставници и на него се дефинираа подготовките за престојниот патронат на училиштето.

Работилница „Меѓусебно поддржување и соработка“ во VI В одделение

На 29.11.2023 година се одржа работилница „Меѓусебно поддржување и соработка“ во VI В одделение. Цели на работилницата беа учениците да знаат дека релациите се менуваат, да научат за постигнувања на луѓето со тимска работа, да умеат да препознаат кога на другите им е потребна поддршка и помош. Работилницата ја спроведе училишниот педагог Поликсена Илиоска.

Одбележан Светскиот ден за борба против ХИВ/Сида

По повод Светскиот ден за борба против Сидата, во нашето училиште беа спроведени активности во организација на наставничката по биологија Лилјана Петковска и ученици. Тие денот го одбележаа со предавање и презентација за оваа тема. На настанот беа присутни и директорката Снежана Петреска, стручната служба во состав педагог и психолог. Учениците беа активни и вредни […]