Одбележан месецот на науката со низа активности

Го одбележуваме месецот на науката со серија активности спроведени на часовите од природната група на предмети.

🔹 Учениците од VIII одделение изработија молекули, играа домино со хемиски симболи и експериментираа на часовите по хемија.
🔸 Учениците од VII одделение правеа проект – истражување во домашни услови за потребите на часовите по биологија.
🔹 Учениците од VI одделение изработија макета од респираторен систем и демонстрираа како функционира на часот по природни науки.

🔸 Учениците од V одделение ни презентираат како изгледа ерупција на вулкан со примена на хемиски соединија на часот по природни науки.