Чоколаден час по природни науки во IV В одделение

Цвеќето ќе овене, накитот ќе потемни, свеќите ќе догорат… чоколадото не се задржува толку долго за да остари. Другите работи се само храна. Но, чоколадото е чоколадо.Чоколадото е одговорот. Но, кому му е грижа кое е прашањето?“ Така, денес, одделенскиот наставник Вера Атанасовска се погрижи и за прашањето и за одговорот на часот по природни […]
Одбележана недела на информатиката

Во нашето училиште се одржа настанот „Недела на информатиката“ од 5-9 февруари под менторство на наставничката по информатика Нина Стојановиќ. Се реализираше активност во која учениците програмираа игра на Scratch. Играта се вика “Фати ја ѕвездата”. Во активноста учествуваа учениците Матеј Савовски и Иринеј Стојчевски од VI В одделение.
Резултати од општински натпревар по математика

На општинскиот натпревар по математика, одржан на 2.2.2024 година, учениците од нашето училиште ги постигнаа следните резултати: V одделение Никита Димитријов – ПРВА НАГРАДА Дамјан Зивосовски – ПОФАЛНИЦА Искра Тарчуговска – ПОФАЛНИЦА Ема Мирчевска – ПОФАЛНИЦА VI одделение Јана Стојковска – ВТОРА НАГРАДА Дамјан Николовски – ТРЕТА НАГРАДА Викторија Димеска – ТРЕТА НАГРАДА Каја Китановска […]
Наградени ученици за учество на ликовно-литературен конкурс

На ликовно-литературниот конкурс во организација на Општинскиот Противпожарен Сојуз Бутел нашите ученици Матео Слезенковски и Драгана Балуловска под менторство на предметниот наставник Санда Миева се здобија со дипломи за освоено второ и трето место со нивните ликовни творби. Учествуваа сите училишта од општина Бутел.
Посета на Националната опера и балет

Во придружба на нивните наставници, нашите ученици од прво до четврто одделение ја посетија Националната опера и балет каде што имаа можност да ја следат претставата „Операта на шумските животни“.
Одржан општински натпревар по математика

На 2.2.2024 година се одржа општинскиот натпревар по математика во организација на СММ. Од нашето училиште учествуваа ученици од четврто до осмо одделение. Им посакуваме успех и одлични резултати!
Работилница по повод раѓањето на Гоце Делчев

По повод четврти февруари, раѓањето на македонскиот револуционер и национален херој Гоце Делчев, учениците од петто одделение имаа работилница со нивните одделенски наставници на која подготвија ликовни творби и рецитал на песна за неговото дело.
Почеток на второ полугодие

Почитувани ученици и родители, Ве известуваме дека второто полугодие започнува на 22.1.2024 година (понеделник). Ви посакуваме убав и успешен почеток!
Новогодишна вечера за учениците од Визбегово

„Проект среќа“ им обезбеди на децата од подрачното училиште во Визбегово новогодишна забава, вечера, новогодишни пакетчиња во ресторанот „Едера“. Оваа организација во повеќе наврати безрезервно помагаат на нашето подрачно училиште. Искажуваме благодарност до „Проект среќа“.
Реализиран предновогодишниот базар 2023

На 26.12.2023 година успешно беше реализиран предновогодишниот базар во холот на училиштето. Базарот е во организација на Советот на родители кои во координација со класните и одделенски раководители на паралелките се потрудија истиот да биде спроведен во најдобар тек. Насмевки на лицата на учениците, присуството на голем број на родители и други гости придонесоа за […]