Одбележан Светскиот ден за борба против ХИВ/Сида

По повод Светскиот ден за борба против Сидата, во нашето училиште беа спроведени активности во организација на наставничката по биологија Лилјана Петковска и ученици. Тие денот го одбележаа со предавање и презентација за оваа тема. На настанот беа присутни и директорката Снежана Петреска, стручната служба во состав педагог и психолог. Учениците беа активни и вредни и го изработија симболот за овој ден, а тоа е црвената машничка. Овие машнички потоа беа поделени на секој наставник и вработено лице во училиштето.