Втора награда на ликовен конкурс

Ученичката Стела Киранџиска од IX Б одделение доби втора награда на ликовниот конкурс организиран од средното градежно училиште Здравко Цветковски за својот цртеж – проект на тема „Мојата зимска куќа“.
Во придружба на наставничката по ликовно образование Санда Миева, група ученици присуствуваа на прогласувањето на победниците во просториите на средното училиште на 13.12.2023 година.