Селектирање на отпад и грижата за животната средина почнува од секој од нас, порачуваат учениците од ООУ„Свети Климент Охридски“ Бутел

Пролетта ја буди целата природа. Кај учениците од III Б и II A одделение при ООУ “Свети Климент Охридски”- Бутел, се разбуди свеста за здрава и чиста средина. Имено тие со своите одделенски наставници Мирослав Митиќ и Даниела Пижевска, одбележувајќи го ,,Денот на Екологијата”, го исчистија омиленото катче во нивното училиште. Ги собраа најразличните отпадоци […]
Активности за денот на пролетта

Денот на пролетта го одбележавме со низа активности спроведени од нашите ученици од одделенска и предметна настава. Вредните раце на нашите ученици ги разубавија жардиниерите во училишната градина, како и на влезот на училишната зграда. Садници од гуми обоени во разни бои се поставени во училишниот двор, а учениците побрзаа истите да ги исполнат со […]
Одбележан 21ви Март, Светскиот ден на поезијата

Поезијата е огледало на срцето и глас на душата. Таа е она чувство кое не може да се опише без да се запише, таа е мост помеѓу реалноста и совршенството. Денес го одбележавме 21 Март- Светскиот ден на поезијата. По тој повод наставниците по македонски јазик во нашето училиште организираа творење, поетско читање и рецитирање […]
Практичен час по физика

Учениците од осмите одделенија денес на часот по физика, под менторство на наставничката Јоана Искова, правеа обиди и го демонстрираа законот за рефракција на светлината.
Резултати од општинскиот натпревар по англиски јазик

На општинскиот натпревар по англиски јазик, одржан на 16.3.2024 година, нашите ученици ги постигнаа следните резултати: V одделение – ментор: Бојан Јовановски Сара Јаневска – II место Искра Тарчуговска – учество VI одделение – ментор: Светлана Стојкова Иринеј Стојчевски – III место VI одделение – ментор: Маја Ристовска Катерина Тошеска – учество VII одделение – […]
Одбележан Меѓународниот Ден на Среќата

Денес е Интернационалниот Ден на Среќата, а учениците од III A одделение со нивната наставничка Сузана Младенова се погрижија пораки за среќа да бидат раширени низ нашето училиште. Тие исто така изработија и постер со пораки и цртежи.
Практичен час по Биологија

На часот по биологија учениците од VII A и Б ги изучуваа градбите на растенијата преку практичен пристап, а заедно со наставничката Љупка А. Таневска се погрижија истите да бидат и соодветно етикетирани.
Работилници „Крени глас против врсничкото насилство“ на Макпетрол

Нашето училиште се вклучува во кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ на Макпетрол, по тој повод денес се одржаа работилници во неколку одделенија од шесто до деветто, со цел да се подигне свеста за врсничкото насилство, да се едуцираат учениците за емпатија, прифаќање на различно размислување и унапредување на другарувањето и соработката меѓу нив. Овие […]
Учество на Европскиот Квиз на Парите

На 18.3.2024 година учениците од IX В одделение како претставници на нашето училиште под менторство на наставничката по иновации Соња Шетловска се придружија на „Европскиот квиз за пари“ кој е најголемиот натпревар за финансиска писменост и привлекува речиси половина милион учесници. Европскиот квиз за пари е една од многуте активности организирана во 30+земји за време […]
Учество на карневалот „Љубански Карневал Прочка“

На традиционалното одржување на карневалот „Љубански Карневал Прочка“, нашето училиште беше претставено со тематска маска „Карти“, презентирана од учениците од II В одделение, во придружба на нивниот одделенски наставник Анета Утковска. За учеството на карневалот, на нашето училиште и беше врачена благодарница на директорката Снежана Петреска.