Упис на првачиња за учебната 2024/2025 година

Почитувани родители, Во прилог ја споделуваме апликацијата за упис на првачиња за учебната 2024/25 година. Откако ќе ја пополните во целост апликацијата, ќе бидете контактирани од стручната служба на училиштето. Апликацијата можете да ја отворите директно на линкот подолу или преку скенирање на QR кодот на оваа објава. https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx… Останати документи кои се потребни за […]

Параглајдер пилот гостин во нашето училиште

Општо познато е дека учениците најмногу учат и создаваат трајни знаења, кога визуелно восприемаат преку практични примери. Така и нашите ученици од III Б и III В одделение денеска одблизу се запознаа со г-дин Игор Ефтимов – професионален пилот на параглајдер. И овој пат наставниците Мирослав Митиќ и Маја Дрндаревска поканија стручно лице за да […]

Резултати од регионалниот натпревар по природни науки

На регионалниот натпревар по природни науки одржан на 5.4.2024 година нашите ученици ги постигнаа следните резултати: V одделение – Никита Димитријов – прва награда IV одделение – Илина Милошевска – трета награда IV одделение – Матеа Стојческа – трета награда IV одделение – Ѕвездан Антанасов – трета награда IV одделение – Ангела Димитријов – трета […]

Едукативна работилница „Како да бидам одговорен сопственик на моето милениче“

На 9.4.2024 година се одржа едукативна работилница „Како да бидам одговорен сопственик на моето милениче“ за учениците од VI одделение. Работилницата беше спроведена од претставник на ЈП „Лајка“, а е подржана од амбасадата на Соединетите Американски Држави.

Посета на авторката Јадранка Клисарова и работилница со ученици од III одделение

„Едноставно посакувам, хармонизиран и подобар свет, свет на луѓе со добра волја, свет на пријатели помеѓу возрасните, пријатели помеѓу децата, но и пријатели помеѓу децата и возрасните.“ Ја цитираме авторката Јадранка Клисарова, автор на книгата „Децата од моето училиште“. Учениците од III Б и III В одделение ја имаа честа денеска лично да се запознаат […]

Презентација на програми од средни училишта

Претставници од СЕТУ„Михајло Пупин“ и СГГУ „Здравко Цветковски“ ги презентираа нивните програми за учениците од IX одделение кои во следниот период треба да одлучат каде ќе го продолжат своето образование.

Учество на регионален натпревар по природни науки

На 5.4.2024 година се одржа регионалниот натпревар по природни науки. Учествуваа ученици од IV и V одделение под менторство на наставниците Маја Димковска, Теодора Стојоска и Марина Ѓорѓиева. Им посакуваме успех и одличен пласман!

Одбележување на денот на шегата

Први април, денот на шегата, учениците од нашето училиште го одбележаа со разновидни маски и креации. Дел од нив беа одбрани и како претставници од училиштето на манифестацијата „Априлијада 2024“ во организација на Општина Бутел – Opstina Butel. Споделуваме дел од атмосферата со Вас!

Интонација на македонската химна

Денес преовладуваше жолто-црвената боја во нашето училиште. По иницијатива на Градоначалникот на Општина Бутел, г-дин Дарко Костовски, секој почеток од месецот ќе се интонира македонската химна, проследена со чествување на македонското знаме и грб, симболите на нашата држава. Обраќање пред присутните ученици, наставници и претставници од општината имаа директорката Снежана Петреска и градоначалникот Дарко Костовски, […]

Резултати од регионалниот натпревар по биологија

Објавени се конечните резултати од регионалниот наптревар по биологија одржан на 29.3.2024 година. Нашите ученици ги постигнаа следните резултати: Матео Слезенковски (IX одделение) – II награда Теодора Георгиевска (VIII одделение) – III награда Ангела Јованчова (VII одделение) – пофалница Честитки до учениците и нивниот ментор Љупка Ангеловска Таневска за постигнатиот успех, му посакуваме одличен пласман […]